Close Menu
Press24
    Најново

    Лефков: Обидот за ширење банкарска паника е кривично дело во новиот Кривичен законик

    19.11.2026 во 12:30

    За 3.500 евра продала новороденче, па со парите купила автомобил – Ужас во регионот

    19.11.2026 во 12:28

    Засилени контроли низ Македонија: Полицијата проверува автобуси и товарни возила

    19.11.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: Обидот за ширење банкарска паника е кривично дело во новиот Кривичен законик
    • За 3.500 евра продала новороденче, па со парите купила автомобил – Ужас во регионот
    • Засилени контроли низ Македонија: Полицијата проверува автобуси и товарни возила
    • Полицијата влезе во „Макстил“: Се проверуваат сомнежи за еколошки криминал
    • Македонија доби регионално признание за дигитална алатка за реформа на јавната администрација
    • Патарина ќе се плаќа според изминатите километри – Еве кога се очекува новиот систем во Македонија
    • Дали ќе има снег оваа зима – Што покажуваат прогнозите за Македонија
    • Манасиевски: СДСМ и Филипче имаат двојни аршини за „Алта банка“, во 2023 година одобриле деловни односи со Мацура
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Обидот за ширење банкарска паника е кривично дело во новиот Кривичен законик

    Лефков: Обидот за ширење банкарска паника е кривично дело во новиот Кривичен законик

    19.11.2026 во 12:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија 24 во емисијата „24 Анализа“ гостуваше Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој дискутираше за заштитата на банкарскиот сектор и депозитите на штедачите, како и за обвинувањата поврзани со влезот и работењето на Алта банка во Македонија и посочи дека обидот за ширење банкарска паника е предвиден како кривично дело во новиот Кривичен законик.

    „Во новиот Кривичен законик поради усогласување со европската регулатива постои едно кривично дело коешто оваа материја којашто на нас ни се случи во пракса, ја опфаќа и го криминализира самото дејство со обид за ширење на банкарска паника и Народната банка има за цел како регулатор да го штити банкарскиот сектор и ако имаме несериозни изјави коишто се однесуваат како што беа пласирани во јавноста, тоа се нарекува обид за ширење на банкарска паника“, рече Лефков и додаде:

    „Народната банка постапи во насока на заштита на депозитите на штедачите. Ако постојат индикации нека се постапи, нека се истражи зошто не била проверена. Меѓутоа од она што го видовме на надзорната расправа нема трансфери кон Србија, кон Русија, депозитите се заштитени, меѓутоа на оние обвинувања од страна на опозицијата дека бил дозволен влез, ние видовме дека практично во Македонија влегува банка којашто била лиценцирана во Србија и настапувала и на останатите пазари“.

    На крај Лефков истакна дека обвинувањата на Венко Филипче за наводен криминал и сомнителни трансфери не се потврдиле, а депозитите на штедачите се заштитени.

    „Мене ми е многу интересно како започнавте од првиот прес на Венко Филипче за невиден криминал, невидени трансфери на пари, организирана криминална група, за постепено спуштање и пропаѓање на тој наратив, затоа што се виде дека се направи се да се заштитат депозитите, не како во ваше време кога пропаѓаше Еуростандард банка, а министри си ги излекуваа своите средства. Не е коректно, ви паднаа во вода сите тези, она што е добро, да бидат заштитени депозитите на нашите штедачи, да ни биде заштитен банкарскиот сектор и да биде заштитена нашата економија, а овие несериозни обиди на Венко Филипче за пласирање на некаков епски криминал му паднаа во вода“, дециден е Лефков.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: СДСМ и Филипче имаат двојни аршини за „Алта банка“, во 2023 година одобриле деловни односи со Мацура

    19.11.2026 во 11:33

    Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, обвинителот Савески сè уште молчи

    19.11.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.