Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Од 1 јануари само државата ќе може да организира онлајн игри на среќа

    18.11.2026 во 21:05

    Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

    18.11.2026 во 20:37

    Средба на државниот обвинител Савески со црногорскиот амбасадор Миљаниќ

    18.11.2026 во 20:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Од 1 јануари само државата ќе може да организира онлајн игри на среќа
    • Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
    • Средба на државниот обвинител Савески со црногорскиот амбасадор Миљаниќ
    • Вработен во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 32.000 денари: Обвинителството бара притвор
    • Девет полицајци обвинети за непостапување по пријавите на Росица – обвинителството со детали
    • Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа
    • Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба
    • 11-годишно дете нападнато со дрвен предмет од 63-годишен маж
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Од 1 јануари само државата ќе може да организира онлајн игри на среќа

    Николоски: Од 1 јануари само државата ќе може да организира онлајн игри на среќа

    18.11.2026 во 21:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата останува на определбата за ограничување на игрите на среќа, а од 1 јануари државата, преку Државна лотарија, ќе биде единствениот организатор на онлајн коцкањето и видеолотариските терминали. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Мојсоска од Левица.

    Николоски посочи дека со законските измени се воведуваат построги правила за рекламирање, ограничувања на локациите за организирање игри на среќа и повисоки давачки за приредувачите.

    Тој потсети дека по формирањето на актуелната Влада биле укинати лиценците на три компании за онлајн игри на среќа, како и платформата „ТуВин“. Воедно, нагласи дека се води судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и други обвинети, за која очекува ефикасна разрешница.

    Осврнувајќи се на состојбите во секторот, Николоски повика на засилена контрола за спречување нелегално коцкање, како и на постапување на Обвинителството, Финансиската полиција и Финансиското разузнавање по наводите за можни неправилности.

    Во своето обраќање тој постави и прашања за евентуална поврзаност меѓу претходни политички одлуки за Законот за игрите на среќа и одредени градежни инвестиции, барајќи надлежните да ги испитаат сомнежите.

    Пратеничката Мојсоска, пак, ја обвини Владата дека не го исполнила ветувањето за затворање на платформата „Мегавин“ и побара одговори за работењето на Државна лотарија и договорите со бугарската компанија „МДД Софт“.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

    18.11.2026 во 19:08

    Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните

    18.11.2026 во 17:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.