Close Menu
Press24
    Најново

    Ковачевски до Јаневска: Дали оптимизацијата на училиштата носи квалитетно образование или само пониски трошоци

    18.11.2026 во 14:32

    Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти

    18.11.2026 во 14:25

    Николоски: Од 1 јануари нови правила за игрите на среќа

    18.11.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ковачевски до Јаневска: Дали оптимизацијата на училиштата носи квалитетно образование или само пониски трошоци
    • Герасимовски: Отворена „Лига Центар“, доделени 53 спортски стипендии за најдобрите млади спортисти
    • Николоски: Од 1 јануари нови правила за игрите на среќа
    • Митрески: Во ризик се пензиските заштеди на граѓаните
    • Апсења во Скопје
    • Тетово: Му испаднал пиштол со муниција додека бегал од полицијата, па добил друго возило за да избега
    • Хотел во Охрид пуштен во употреба иако бил изграден спротивно на одобрението, кривична пријава против 67-годишник
    • Не застанал на полициски знак во Велес: Сопатник фрлил марихуана, уапсени двајца тинејџери, се трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ковачевски до Јаневска: Дали оптимизацијата на училиштата носи квалитетно образование или само пониски трошоци

    Ковачевски до Јаневска: Дали оптимизацијата на училиштата носи квалитетно образование или само пониски трошоци

    18.11.2026 во 14:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната собраниска седница му постави пратеничко прашање на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во врска со ефектите од оптимизацијата на училишната мрежа, затворањето и спојувањето на паралелките, како и прераспределбата на наставниот кадар.

    Посочувајќи дека демографските промени бараат долгорочно планирање, Ковачевски побара одговор дали спроведената реорганизација навистина обезбедува подобри услови за образование или првенствено значи намалување на трошоците. Тој побара конкретни податоци за бројот на ученици префрлени во други училишта, растојанијата што ги поминуваат, безбедноста на превозот, условите во училиштата и статусот на наставниците опфатени со прераспределбата.

    Во своето обраќање, Ковачевски интегрално го прочита прашањето, нагласувајќи ги предизвиците со кои се соочува образовниот систем:

    „Оптимизацијата на училишната мрежа ја најавувате како една од клучните реформи во образованието, со образложение дека демографските промени, намалувањето на бројот на ученици и нерационалното користење на ресурсите бараат поинаква организација на училиштата и наставниот процес. Никој не може да го оспори демографскиот проблем со кој се соочува државата. Но, исто така, не може да се прифати дека секое намалување на бројот на училишта или паралелки автоматски значи подобрување на квалитетот на образованието. Напротив, вистинското прашање е дали со оваа реорганизација децата добиваат подобри услови за образование или само се намалуваат трошоците на образовниот систем.“

    Пратеникот потсети на податоците од Државниот завод за статистика за намалувањето на бројот на ученици, како и на податоците од Министерството за затворени подрачни училишта и намалени паралелки. Во продолжение, тој ги постави конкретните прашања по две целини:

    „Прво, какви се конкретните резултати од оптимизацијата на училишната мрежа во учебната 2026/2027 година? Колку училишта и паралелки се затворени или споени, колку ученици се префрлени во други училишта и колку од нив треба да патуваат подалеку од местото на живеење? Дали Министерството има направено анализа за просечното и максималното растојание што овие деца сега го поминуваат до училиштето, колку време им е потребно за секојдневно патување и дали за сите ученици е обезбеден бесплатен, организиран и безбеден превоз?“

    Во вториот дел од прашањето, тој се осврна на статусот на наставниот кадар:

    „И второ, во однос на наставниците, какви се конкретните резултати од најавената мобилност на наставниот кадар? Колку наставници досега биле опфатени со прераспределување? Колку добиле ново работно место? Колку се во постапка на доквалификација или преквалификација? Колку сè уште немаат решен работен статус?“

    На крајот, Ковачевски порача дека суштинското прашање е дали реформата резултира со подобри знаења на учениците потврдени преку меѓународните ПИСА тестирања или создава само поевтин образовен систем.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Од 1 јануари нови правила за игрите на среќа

    18.11.2026 во 13:57

    Митрески: Во ризик се пензиските заштеди на граѓаните

    18.11.2026 во 13:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.