Close Menu
Press24
    Најново

    Патарини без рампи и чекање? – Македонија подготвува нов систем за наплата

    18.11.2026 во 11:45

    Апсење во Скопје: Го фатиле како фрла кеса со дрога

    18.11.2026 во 11:35

    ФОТО: Децата од Гази Баба на бесплатни офталмолошки прегледи

    18.11.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патарини без рампи и чекање? – Македонија подготвува нов систем за наплата
    • Апсење во Скопје: Го фатиле како фрла кеса со дрога
    • ФОТО: Децата од Гази Баба на бесплатни офталмолошки прегледи
    • Во сабота е голем празник
    • Сонце и 20 степени па пресврт – УХМР ги измери температурите и издаде метеоаларм
    • Илинден инвестира во побезбеден сообраќај, се обележуваат улици и патишта
    • Нема каде да се развива македонската вештачка интелигенција – Андоновски посочи што недостига
    • Невообичаена сцена во српскиот парламент: Пратениците на Студентската листа му аплаудираа Вучиќ за време на неговиот говор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Патарини без рампи и чекање? – Македонија подготвува нов систем за наплата

    Патарини без рампи и чекање? – Македонија подготвува нов систем за наплата

    18.11.2026 во 11:452 Mins Read
    ФОТО: Министерство за транспорт и врски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Патарините на македонските автопати би можеле да добијат нов начин на наплата, без запирање на возилата на наплатните станици. Владата размислува за воведување електронски систем со кој граѓаните би плаќале според бројот на изминати километри.

    Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека ќе се подготвува законско решение за новиот модел, при што ќе биде побарана и експертска помош од Европската транспортна заедница.

    Според Николоски, ваквиот систем би овозможил побрз проток на сообраќајот, поголема безбедност и поправедна наплата, бидејќи возачите би плаќале само за делницата што навистина ја користеле.

    Нашата идеја е да се наплаќа по километар, што ќе биде многу поправедно од ова што се случува сега. Теоретски, ако тргнете од Демир Капија и одите во Гевгелија, плаќате 100 денари на наплатната кај Смоквица, а ако тргнете од Скопје кон Гевгелија, на истата наплатна повторно плаќате 100 денари. За жителите на Демир Капија тоа е нечесно и неправедно. Затоа сметаме дека треба да се наплаќа по поминат километар, што сериозно ќе ја намали цената – изјави Николоски.

    Тој информира дека за изработката на законското решение ќе бидат вклучени експерти од Европската транспортна заедница, со цел да се искористат искуствата на понапредните европски држави. Како примери од регионот ги посочи Хрватска, каде што се подготвува примена на ваков систем, и Белград, каде што започнува неговата примена на обиколницата.

    Николоски очекува законот да биде презентиран во текот на декември.

    Првично, новиот начин на наплата би се применил на автопатот Кичево–Охрид, за кој министерот очекува целосно да биде пуштен во употреба во мај. Во наредните недели, според најавите, треба да биде пуштен и најтешкиот дел од трасата, со четири галерии, мостови, вијадукти и најдолгите тунели.

    Планот е системот постепено да се прошири и на другите автопатски делници што се градат, меѓу кои Прилеп–Битола, Букојчани–Гостивар, Гостивар–Тетово и Кичево–Букојчани.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Апсење во Скопје: Го фатиле како фрла кеса со дрога

    18.11.2026 во 11:35

    ФОТО: Децата од Гази Баба на бесплатни офталмолошки прегледи

    18.11.2026 во 11:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.