Производството на шумски сортименти во државните шуми во третото тримесечје од 2026 година достигнало 146.000 кубни метри, што е зголемување за 4,8 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем раст е забележан кај производството на трупци, кое е зголемено за 40,4 проценти. Кај сите останати видови шумски сортименти, пак, е регистрирано намалување.
Според структурата на производството, најголем дел отпаѓа на огревното дрво, со вкупно 103.892 кубни метри. Производството на трупци изнесувало 40.650 кубни метри.
Раст е забележан и кај продажбата на шумски сортименти. Во периодот јули – септември годинава биле продадени вкупно 147.490 кубни метри, што претставува зголемување од 1,6 проценти во однос на третото тримесечје од 2025 година.

