Вкупната вредност на откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2026 година изнесувала 4,7 милијарди денари, што претставува намалување од 8,8 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во периодот од јули до септември годинава, откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители бележи пад од 13,5 проценти во однос на третото тримесечје од 2025 година.
Намалување е забележано и кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство, чија вредност е пониска за 3,7 проценти во споредба со истиот период лани.

