Физичка пресметка меѓу четири лица била пријавена вчера на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.
Според информациите од МВР, во инцидентот учествувале 42-годишниот Д.М. од една страна и тројца скопјани – Г.И., Ј.И. (67) и Н.И. (64), од друга страна.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 16 ноември во 12:10 часот. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

