Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната посета на Брисел, учествуваше на Форумот за проширување на Европската Унија, посветен на реформите, инвестициите и економскиот раст.
-Остварив и повеќе средби со претставници на европските институции, на кои ги отворивме прашањата од значење за европската перспектива на Македонија, посочи премиерот.
Мицкоски порача дека целта на Македонија останува напредок кон ЕУ.
-Продолжуваме со активен дијалог, посветеност на реформите и застапување на државните интереси. Нашата цел е јасна Македонија да напредува кон Европската Унија, посочи тој.

