На 16.11.2026 во 22:05 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода З.З.(56) од кичевско село.
Приведен е постапувајќи по претходна пријава дека со огнено оружје упатил закани кон неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

