56-годишна жена од Тетово се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автомобил на булеварот „Илинденска“.
Несреќата се случила на 16 ноември, околу 17:35 часот. Според пријавата во СВР Тетово, во жената удрило патничко возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишен жител на Тетово.
Повредената жена била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово.

