Поранешниот водач на ОВК, Хашим Тачи, е осуден на 17 месеци затвор за попречување на службено лице во вршење на службената должност, кршење на тајноста на постапката и непочитување на судот.
Судот го прогласи Тачи за виновен за овие кривични дела во рамки на постапката што се водеше за попречување на правдата.
Оваа пресуда доаѓа во период кога тој веќе издржува првостепена затворска казна од 25 години за воени злосторства, изречена на 16 септември оваа година. Тачи се наоѓа во притвор во Хаг од ноември 2020 година.
Во истата постапка за воени злосторства беа осудени и тројца други поранешни водачи на ОВК – Јакуп Красниќи на 25 години затвор, Кадри Весељи на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години затвор.
Обвиненијата се однесуваат на периодот од 1998 и 1999 година, кога припадниците на оваа организација извршија бројни злосторства, вклучувајќи убиства и киднапирања на припадници на војската и полицијата на тогашна Југославија, српски цивили, други неалбанци, како и Албанци кои не ја поддржувале организацијата.

