Два воза се судрија утринава во близина на главната железничка станица во Прага, при што се повредени повеќе лица, потврдија противпожарните служби.
Според првичните информации на терен, најголем дел од повредените патници се здобиле со полесни телесни повреди. На местото на несреќата веднаш интервенирале сите служби за итни случаи.
Поради инцидентот, железничкиот сообраќај на оваа делница е целосно прекинат, а возовите што сообраќаат на долги релации се пренасочуваат кон други железнички станици во чешката престолнина, информираа од Управата на чешките железници.

