Инцидент со физички напад и закани е пријавен во скопската населба Бит Пазар, каде што маж нападнал сосед и неговата малолетна внука.
Според информациите од МВР, настанот се случил на 15 ноември, околу 12:30 часот, кога Л.А. од Скопје физички ги нападнал Р.С. и неговата малолетна внука. При нападот, како што е пријавено, употребил и тврд предмет, а на двајцата им упатувал закани со остри предмети.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 13:10 часот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

