Крави слободно се движат во кругот на средно училиште, предупреди Сашко Митовски преку објава на Фејсбук, придружена со видео од настанот.
Тој посочува дека присуството на животните ја загрозува безбедноста на учениците и граѓаните и бара прогласување кризна состојба, како и мобилизирање на сите расположливи ресурси и капацитети за решавање на проблемот.
„Ако ни ова не е доволна причина да се прогласи кризна состојба и да се мобилизираат сите расположливи ресурси и капацитети, што уште треба да се случи?“, прашува Митовски во објавата.

