Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши најавува опозициски прашања без паузи

    16.11.2026 во 18:17

    „Жестоко го осудувам дивјаштвото“ – премиерот вети институционална разрешница за нападот врз младата девојка во Охрид

    16.11.2026 во 17:52

    Тушевска: Во  Предлог буџетот за 2027 приоритет е и здравството за кое има раст од 5,2% во однос на претходниот буџет за оваа област

    16.11.2026 во 17:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши најавува опозициски прашања без паузи
    • „Жестоко го осудувам дивјаштвото“ – премиерот вети институционална разрешница за нападот врз младата девојка во Охрид
    • Тушевска: Во  Предлог буџетот за 2027 приоритет е и здравството за кое има раст од 5,2% во однос на претходниот буџет за оваа област
    • Обвинителството бара притвор за охриѓанецот кој ја претапа Сара
    • Демократски сојуз: Институциите мора да се ослободат од политичките и бизнис-влијанија
    • Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, цел ни е Македонија да стане крстосница на Балканот
    • Јованчев: Наследивме огромни долгови, а во 2027 година мора да отплатиме и еврообврзница од 500 милиони евра
    • Мицкоски: Сѐ ќе сториме насилникот од Охрид да биде изведено пред лицето на правдата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши најавува опозициски прашања без паузи

    Гаши најавува опозициски прашања без паузи

    16.11.2026 во 18:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Гаши најави опозициски прашања без паузи. Оваа измена доаѓа по последната ваква седница, која пропадна откако првата едночасовна пауза ја побара координаторката на ДУИ, Рина Ајдари, бидејќи собраниската сала беше празна, со барање да се соберат министрите кои требаше да одговараат на прашањата а втората пратениците на ЗНАМ. Па така двата часа поминаа без ниту едно поставено прашање до министерите, што предизвика жестока расправија во собраниската сала.

    На денешниот брифинг со новинарите Гаши кажа дека со координаторите на пратеничките групи се договориле да нема паузи, освен ако нема навистина потреба за тоа, со цел да има продуктивно трошење на времето наменето за прашања и одговори. 

    „Паузи нема да има, освен ако не се суштински. Ќе има два часа ефективни прашања“, кажа спикерот на денешниот брифинг со новинарите. 

    Во однос на присутноста на министрите за време на седниците, Гаши тврди дека нивното присуство значително се подобрило.

    „Имало ситуации кога девет месеци кога не сме имале опозициски прашања. Не почнавме така славно, така беше кулутрата. Мислам дека присуството се подобри – 99% од министрите се тука. Министерот за економија на почетокот не присуствуваше, но на последните неколку месеци е меѓу најредовните. Јас сум ги опоменал министрите да бидат присутни на опозициските прашања, но повеќе не можам да направам“, кажа Гаши. 

    По последната пропадната седница поради паузите, опозицијата повторно ќе ја испрашува Владата на крајот на овој месец – за што е постигнат договор меѓу сите пратенички групи. Декември, традиционално пратениците имаат прилично набиена агенда. Се очекува на дневен ред да биде ставена интерпелацијата на министерот за локална самоуправа, повеќе закони меѓу кои прво Законот за трансформација на работните односи, а ќе има и пратенички прашања пред заокружувањето на 2026 година.

    Прочитај повеќе

    „Жестоко го осудувам дивјаштвото“ – премиерот вети институционална разрешница за нападот врз младата девојка во Охрид

    16.11.2026 во 17:52

    Тушевска: Во  Предлог буџетот за 2027 приоритет е и здравството за кое има раст од 5,2% во однос на претходниот буџет за оваа област

    16.11.2026 во 17:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.