Close Menu
Press24
    Најново

    Демократски сојуз: Институциите мора да се ослободат од политичките и бизнис-влијанија

    16.11.2026 во 17:33

    Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, цел ни е Македонија да стане крстосница на Балканот

    16.11.2026 во 17:26

    Јованчев: Наследивме огромни долгови, а во 2027 година мора да отплатиме и еврообврзница од 500 милиони евра

    16.11.2026 во 17:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Демократски сојуз: Институциите мора да се ослободат од политичките и бизнис-влијанија
    • Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, цел ни е Македонија да стане крстосница на Балканот
    • Јованчев: Наследивме огромни долгови, а во 2027 година мора да отплатиме и еврообврзница од 500 милиони евра
    • Мицкоски: Сѐ ќе сториме насилникот од Охрид да биде изведено пред лицето на правдата
    • Бојковска: Во октомври 2026 година годишната инфлација во Македонија изнесува 3,3%, а во 2022 за време на СДС достигна 19,8%
    • Ковачевски: Само 9 отсто од буџетот за 2027 година се наменети за капитални инвестиции
    • Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид, ги повикувам надлежните институции да постапат
    • Филипче: Власта ја оддалечува државата од ЕУ, младите ја бараат иднината токму таму
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Демократски сојуз: Институциите мора да се ослободат од политичките и бизнис-влијанија

    Демократски сојуз: Институциите мора да се ослободат од политичките и бизнис-влијанија

    16.11.2026 во 17:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократскиот сојуз бара бескомпромисна борба против криминалот и високата корупција, темелна реформа на правосудниот систем, суштински промени во здравството и образованието, како и конкретни мерки за подобрување на перспективите на младите во државата.

    Овие прашања беа дел од дискусијата на проширената седница на Претседателството на Демократскиот сојуз, на која се разгледуваа и актуелните геополитички и безбедносни состојби, протестите во повеќе европски држави, нивните рефлексии врз Македонија и новите програмски приоритети на партијата.

    Според анализите на Демократскиот сојуз, меѓу главните причини за незадоволството и протестите во европските земји се високото ниво на корупција, нефункционалноста на образовниот и здравствениот систем, неправедната распределба на доходот, сиромаштијата, ограничените можности младите да обезбедат сопствен дом, како и незадоволството од миграциските политики.

    Од партијата оценуваат дека Македонија мора дополнително да се ангажира за деблокирање на евроинтеграцискиот процес, но и да направи темелна анализа на причините за општественото незадоволство. Притоа, нагласуваат дека е неопходно јасно дефинирање на националните приоритети и развојните политики.

    Бараат независно правосудство и одговорност за корупцијата

    Еден од клучните приоритети на Демократскиот сојуз е бескомпромисна, ефикасна и ефективна борба против криминалот и високата корупција. За таа цел, партијата смета дека е потребна темелна реформа на правосудниот систем, донесување закон за борба против тешките облици на криминал, целосна департизација на институциите и воспоставување независен механизам ослободен од влијанието на политичките и бизнис-елитите.

    Од Демократскиот сојуз посочуваат дека постојниот правосуден систем ја губи довербата на граѓаните и не обезбедува доволни гаранции за владеење на правото и еднаква примена на законите.

    Меѓу предложените мерки се и донесување закон за работата на Уставниот суд, ограничување на мандатот на судиите, како и темелна евалуација на нивната работа на секои седум години. Партијата бара и утврдување кривична одговорност за коруптивни одлуки, поголема транспарентност во работата на судовите и преиспитување на законските можности за спогодување со обвинетите за корупција, за да се спречи оваа постапка да се користи за избегнување соодветна одговорност.

    Дополнително, Демократскиот сојуз смета дека новиот Кривичен законик мора да биде усогласен со релевантните директиви на Европската Унија, особено во однос на кривичната одговорност за високата корупција и конфискацијата на имот стекнат со криминал.

    Реформи во здравството и образованието

    Во програмските приоритети се вклучени и суштински промени во здравствениот и образовниот систем. Од партијата оценуваат дека овие сектори мора да функционираат како вистински јавни системи, со еднаков пристап до квалитетни услуги за сите граѓани.

    Во образованието, Демократскиот сојуз се залага за затворање на високообразовните установи кои не ги исполнуваат академските стандарди и издаваат дипломи без соодветно исполнување на студиските обврски и полагање на испитите.

    Младите да добијат реална перспектива во Македонија

    Посебен акцент е ставен на младите, за кои, според Демократскиот сојуз, е потребна јасна и долгорочна стратегија што ќе понуди реални можности за решавање на станбеното прашање, започнување сопствен бизнис и професионален развој во земјата.

    Целта е младите да имаат услови и перспектива во Македонија да живеат, создаваат и да ја градат својата иднина.

    Дел од предложените прашања Демократскиот сојуз најавува дека ќе ги иницира и преку собраниските механизми, вклучително и со предлог за донесување закон за борба против тешките облици на криминал.

    Повикуваат на поширок политички консензус за националните интереси

    Од партијата оценуваат дека владините програми и политики мора да се приспособат на новите глобални и европски предизвици и промени. Истовремено, за клучните национални и државни интереси потребно е градење поширок политички и граѓански консензус.

    Во тој контекст, Демократскиот сојуз смета дека е неопходен заеднички настап и единство пред Европската комисија, со цел забрзување на европскиот пат на Македонија и нејзино полноправно членство во Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Јованчев: Наследивме огромни долгови, а во 2027 година мора да отплатиме и еврообврзница од 500 милиони евра

    16.11.2026 во 17:07

    Мицкоски: Сѐ ќе сториме насилникот од Охрид да биде изведено пред лицето на правдата

    16.11.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.