Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид.
Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков во врска со насилството во Охрид и случајот со претепувањето на 26-годишната Сара.
Ги повика институциите да го расветлат случајот што е можно побрзо.
-Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилство не е решение! П.С. Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин, вели Пецаков.

