24-годишен битолчанец, осомничен за семејно насилство, денеска доброволно ѝ се предал на полицијата, по координација меѓу неговиот адвокат, СВР Битола и Основното јавно обвинителство. Лицето со иницијали К.У. било лишено од слобода во 12 часот, по што инспектори од криминалистичката полиција започнале службен разговор со него.
Тој на 10 ноември избегал преку отворен прозорец од полициската станица, додека полицајците се обидувале да го приведат, а за околностите на бегството била известена и внатрешната контрола на МВР.
Против него на 11 ноември била поднесена кривична пријава за загрозување и нанесување телесна повреда при семејно насилство. Otk Од МВР информираат дека во координација со битолското Обвинителство се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.

