Close Menu
    Најново

    Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со струја: Ќе се трошат државните резерви на мазут

    23.12.2025 во 16:41

    Драма во центарот на Скопје: Синови си го нападнале таткото за да му го одземат телефонот

    23.12.2025 во 16:28

    Бугарка „олеснила“ 67-годишник од Тетово за 3.000 евра преку социјалните мрежи

    23.12.2025 во 16:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со струја: Ќе се трошат државните резерви на мазут
    • Драма во центарот на Скопје: Синови си го нападнале таткото за да му го одземат телефонот
    • Бугарка „олеснила“ 67-годишник од Тетово за 3.000 евра преку социјалните мрежи
    • Филмско бегство по сообраќајка со автобус на ЈСП: Косовец уапсен на Блаце додека се обидувал да ја напушти Македонија
    • Скопјанец се обидел да влезе во Македонија како „дипломат“: Со фалсификуван пасош приведен на Табановце
    • Насилство во автобус на ЈСП: Шест лица претепале 15-годишник, го нападнале и возачот
    • Финансиска полиција „чешла“ во КК Куманово: Извршен член си исплатил речиси 5 милиони денари од спонзорства
    • Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени шест лица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад

    Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане модерен центар за управување со отпад

    01.10.2025 во 10:39
    ФОТО: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, вчера ја посети општина Гази Баба, каде оствари средба со граѓаните. Разговорите беа насочени кон секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите пред сè, алармантната состојба со дивите депонии, еколошките закани и целосната институционална негрижа.

    „Жителите на Гази Баба со години живеат опкружени со ѓубре, неплански депонии и токсични пожари. Тоа не е судбина, тоа е резултат на неспособна и незаинтересирана власт. Вардариште е само најгласниот симбол на оваа четиригодишна рамнодушност на ВМРО-ДПМНЕ кон животната средина и здравјето на граѓаните,“ изјави Шукова.

    Веќе четири години, над 150.000 скопјани живеат во сенката на Вардариште што секојдневно загадува, труе и претставува реален ризик по јавното здравје. Наместо решение, граѓаните добиваат молк, занемарување и институционално криење зад политички интереси.

    „Ова не е само пропуштена обврска. Ова е криминално запоставување на јавното здравје. Но, решение постои. Не е популизам, туку структуриран план, со експертска поддршка и европски стандарди“, им објасни Шукова на граѓаните, најавувајќи конкретни чекори:

    Итно оградување и физичко обезбедување на Вардариште, 24-часовен надзор и пристап само за овластени служби.  Како долгорочни решенија Шукова, најави селекција, преработка и пренос на отпадот до Дрисла, со нула загадување на воздух, почва и подземни води Вардариште е обврска на Град Скопје, објасни Шукова. Според Законот за управување со отпад, локалната самоуправа е должна да обезбеди чистота, третман на отпад, отстранување на депонии и регионална соработка, обврски кои четири години се игнорираат.

    Шукова нагласи дека не се работи за политички поени, туку за суштински план како Скопје да стане модерен, зелен град, каде здравјето и квалитетот на живот ќе бидат приоритет, а не колатерална штета на неспособноста.

    „Скопје мора да се врати на патот на европските вредности и зелена трансформација. Ова не се ветувања за кампања ова се конкретни решенија подготвени да се спроведат од првиот ден,“ рече Шукова.

    Популарно

    Каде ви се капите и шалчињата: Снегот доаѓа

    23.12.2025 во 10:18

    Ахмети: Јас ја уништив Југославија

    22.12.2025 во 22:03

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Печалбарите се враќат дома за празниците – за два дена над 30 000 влегле само на Табановце

    23.12.2025 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.