Close Menu
Press24
    Најново

    Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”

    16.11.2026 во 11:05

    Позитивна оценка од Брисел за работата на Царината

    16.11.2026 во 10:59

    Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад

    16.11.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”
    • Позитивна оценка од Брисел за работата на Царината
    • Русија тврди дека соборила над 1.300 украински дронови за една ноќ: Москва била цел на масовен напад
    • Цената на нафтата расте
    • Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди
    • Ормускиот теснец под закана од мини: Иран тврди дека потонале шест танкери
    • Полицијата со детали за нападот врз Сара: Осомничениот доби мерки на претпазливост
    • Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со реформите, но и со заштита на националните интереси
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”

    Охридски тренер ги познавал Сара и осомничениот: „Девојката на мравка не гази”

    16.11.2026 во 11:052 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бобан Наумовски, тренер од Охрид и бодибилдинг шампион, се огласи по бруталниот напад врз Сара Ѓоргиевска, откривајќи дека лично ги познавал и девојката и осомничениот, кои биле членови на теретаната во која работи.

    Во својата објава тој со емотивни зборови ја опишува Сара, посакувајќи ѝ сила да го надмине трауматичното искуство.

    „За девојката има една поговорка со која може комплетно да се опише – ‘На мравка не гази’. Прибрана, културна, работлива и лепотица која се надевам ќе собере сила да остане иста после овој претрпен кошмар“, напиша Наумовски.

    Тој вели дека веста за нападот го оставила во шок, особено затоа што и осомничениот му бил познат од теретаната. Според неговите зборови, станувало збор за човек кој навидум делувал мирно, повлечено и културно, а во последната година работел и како персонален тренер во Охрид.

    Наумовски открива дека во текот на денот добил десетина телефонски повици од луѓе кои, исто како него, не можеле да поверуваат дека настанот навистина се случил.

    Како татко на две девојчиња, тој изразува дополнителна загриженост за случајот и за информациите околу правната квалификација на делото.

    „Не смееме да дозволиме општеството да дојде до точка во која татковците и браќата ќе помислуваат дека единствениот начин да ги заштитат своите ќерки и сестри е да ја земат правдата во свои раце. Тоа би било уште еден пораз на институциите и на сите нас“, порачува Наумовски.

    Неговата реакција е уште едно сведоштво за шокот и неверувањето што случајот со Сара ги предизвика во Охрид.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Позитивна оценка од Брисел за работата на Царината

    16.11.2026 во 10:59

    Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди

    16.11.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.