Македонија бележи добро ниво на подготвеност во областа на Царинската унија, оценува Европската комисија во Извештајот за 2026 година.
Позитивната оценка се однесува на Поглавјето 29 – Царинска унија, во кое главна надлежност има Царинската управа.
Од институцијата посочуваат дека зад оваа оценка стојат повеќе активности за модернизација на работењето, меѓу кои унапредување на царинските системи, зајакнување на ИТ-инфраструктурата и подобрување на контролите.
Паралелно се работи и на усогласување на домашните царински постапки со европските стандарди, со цел поефикасно функционирање на системот и олеснување на меѓународната трговија.
Од Царинската управа наведуваат дека продолжуваат со воведување современи технолошки решенија кои треба да ја олеснат работата на царинските службеници, да ги забрзаат постапките за компаниите и да придонесат за поголема сигурност во трговијата.

