Close Menu
Press24
    Најново

    Искра Хаџи Василева седнува во директорската фотелја на ОЈО ГОКК

    16.11.2026 во 08:14

    Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите

    16.11.2026 во 08:10

    Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа

    16.11.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Искра Хаџи Василева седнува во директорската фотелја на ОЈО ГОКК
    • Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите
    • Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа
    • Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?
    • Дождот се враќа, но тоа не е единствената промена: УХМР со најава за неделава
    • ВРЕДИ: Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура
    • Од рано наутро до попладне без струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Искра Хаџи Василева седнува во директорската фотелја на ОЈО ГОКК

    Искра Хаџи Василева седнува во директорската фотелја на ОЈО ГОКК

    16.11.2026 во 08:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, денеска и официјално стапува на функцијата, со примопредавање на должноста од досегашниот шеф Ислам Абази.

    Примопредавањето ќе се одржи во просториите на ОЈО ГОКК, по што е предвидена и средба на јавниот обвинител Ненад Савески со Хаџи Василева и Абази, информираат од Јавното обвинителство.

    Хаџи Василева беше избрана за нова раководителка на обвинителството на 28 октомври, кога доби поддршка од 64 обвинители, од вкупно 171 важечко гласачко ливче. Во трката за функцијата учествуваа и обвинителите Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ и Јован Цветановски.

    По изборот и давањето свечена изјава пред Советот на јавните обвинители, таа најави дека во фокусот на нејзината работа ќе бидат поефикасниот кривичен прогон, подобрата организација на обвинителството и поцелосното искористување на расположливите ресурси.

    Како приоритети ги посочи и зајакнувањето на постојните капацитети, како и обезбедувањето дополнителни ресурси за поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

    На функцијата доаѓа по истекот на мандатот на Ислам Абази, кој раководеше со ОЈО ГОКК од октомври 2022 година.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Полицијата веќе казнува 2.700 денари – АМСМ со важна вест за возачите

    16.11.2026 во 08:10

    Ќе снема струја – Исклучувања во Скопје, прекинот ќе трае скоро 7 часа

    16.11.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.