Close Menu
Press24
    Најново

    Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?

    16.11.2026 во 08:06

    Дождот се враќа, но тоа не е единствената промена: УХМР со најава за неделава

    16.11.2026 во 08:02

    ВРЕДИ: Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

    15.11.2026 во 15:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?
    • Дождот се враќа, но тоа не е единствената промена: УХМР со најава за неделава
    • ВРЕДИ: Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура
    • Од рано наутро до попладне без струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Без возачка, пијани и со забрана за управување: 11 возачи уапсени низ Македонија за само 24 часа
    • Семејното насилство не запира: 15 пријави за 24 часа, меѓу жртвите и малолетник
    • Сосетките ме натепаа – вознемирена скопјанка се јавила во полиција
    • Се апсеше на повеќе локации во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?

    Над 300 амандмани на маса: Како ќе се трошат парите од државната каса во 2027 година?

    16.11.2026 во 08:061 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува расправата за предлог-буџетот за 2027 година, кој се разгледува во второ читање. За документот се поднесени над 300 амандмани, а комисиската расправа е предвидено да трае вкупно 10 дена.

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, при презентацијата на буџетот, истакна дека неговата цел е да обезбеди економски раст, фискална стабилност и подобрување на јавните услуги.

    Според проекциите, во 2027 година се очекува раст на БДП од 3,8 проценти, додека вкупните буџетски приходи се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

    Буџетскиот дефицит е проектиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.

    Од Министерството за финансии посочуваат дека приоритет ќе бидат развојните инвестиции, инфраструктурата, енергетиката, здравството, образованието и земјоделството.

    Во меѓувреме, јавниот долг на крајот на септември изнесувал 56,6 проценти од БДП, а државата во 2027 година ќе треба да сервисира долгови во износ од 124,6 милијарди денари.

    Расправа за предлог-буџетот продолжува со разгледување на поднесените амандмани.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Дождот се враќа, но тоа не е единствената промена: УХМР со најава за неделава

    16.11.2026 во 08:02

    Возачите да се подготват: Утре се очекува нова одлука за цените на горивата

    15.11.2026 во 12:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.