Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Македонија е на 41. место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките за трета економија

    14.11.2026 во 14:31

    Брат ми ме претепа и ми се закани – семејно насилство во Македонска Каменица

    14.11.2026 во 14:08

    Шок во македонско средно училиште – Ученик носел пиштол

    14.11.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Македонија е на 41. место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките за трета економија
    • Брат ми ме претепа и ми се закани – семејно насилство во Македонска Каменица
    • Шок во македонско средно училиште – Ученик носел пиштол
    • Драма во Желино: Не застанал на знак на полицијата, туку дал гас и тргнал да гази полицаец
    • Кривична пријава и суспензија за вработен во МВР: Испраќал закани преку апликација
    • Апсења во Скопје
    • Скопје: Цела ноќ држел заклучено 12-годишно девојче во автомобил, мајката ја пријавила за исчезната
    • Битола: Ја давел со голи раце и не ѝ давал да дише, па избегал од од прозорец во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Македонија е на 41. место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките за трета економија

    Филипче: Македонија е на 41. место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките за трета економија

    14.11.2026 во 14:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија на дното, на 41 место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Тој посочи дека ова е реалната состојба на македонската економија, а не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа и лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

    „Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.Според ММФ Македонија е на 41 место меѓу 48 европски економија по проектиран БДП по жител.Проекциите на ММФ велат БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора, Албанија. Ова е сè она што СДСМ го зборува последната година.Сега потврдено и од ММФ“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ посочи дека македонската е далеку зад најбогатите економии во Европа, а граѓаните секојднево на свој грб ја чувствуваат разликата.

    „Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Граѓаните оваа реалност многу добро ја знаат, ја чувствуваат секој ден.Цените се до плафон а платите стагнираат. Кошничката е 90 илјади денари со стан, ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци“, рече Филипче.

    Притоа, Филипче порача дека зад пропагандата на власта се крие економска политика која ја задолжува државата, ги осиромашува граѓаните и не нуди никаква перспектива.

    „ Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо.Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата.Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка и по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

    14.11.2026 во 12:29

    Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница

    14.11.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.