Вчера во 21:00 часот во тетовско Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода З.Џ.(53) од истото село, информираат од МВР.
Тој се сомничи дека околу 13:40 часот во атарот на с.Желино со патничко возило „форд“ без регистарски ознаки, кое го управувал и кое било натоварено со огревни дрва, не застанал на даден знак од припадници на Шумската полиција, туку ја зголемил брзината и со возилото се обидел да удри еден шумски полицаец, по што побегнал.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Драма во Желино: Не застанал на знак на полицијата, туку дал гас и тргнал да гази полицаец
- Кривична пријава и суспензија за вработен во МВР: Испраќал закани преку апликација
- Апсења во Скопје
- Скопје: Цела ноќ држел заклучено 12-годишно девојче во автомобил, мајката ја пријавила за исчезната
- Битола: Ја давел со голи раце и не ѝ давал да дише, па избегал од од прозорец во полиција
- Дожд во Македонија, а потоа пресврт со температурите: УХМР најави што нè очекува од понеделник
- Авиони на НАТО патролираат над Бугарија
- Стигнуваат пораки за казни од „Безбеден град“, но станува збор за измама – МВР откри како да ги препознаете

