12-годишно девојче од Скопје, според пријавата на нејзината мајка, било заклучено против своја волја во автомобил од малолетник, по средба во паркот Сарај. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Мајката на 13 ноември во 01:00 часот пријавила дека нејзината ќерка претходниот ден околу 18:00 часот се оддалечила од семејниот дом, објави 4news.mk. Подоцна ја известила полицијата дека девојчето се вратило дома на 13 ноември во 07:40 часот.
Според пријавеното, девојчето и нејзина малолетна другарка се сретнале со неколку малолетници во паркот Сарај. Потоа, еден од малолетниците ја заклучил 12-годишната девојка во патничко возило против нејзина волја. Тој останал во автомобилот со неа и со нејзината другарка до следното утро.
Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали, ниту дали некое лице е приведено.

