СВР Охрид ја известува јавноста дека во изминатиот период повторно зачестија пријави од граѓани за различни видови интернет и компјутерски измами, како и измами за сторени сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Безбеден град“. Според пријавите од оштетени граѓани, тие добиваат смс и други електронски пораки од странски телефонски броеви и линкови од лажно дизајнирани веб страници, од разни телефонски и интернет апликации и социјални мрежи за комуникација во кои ги наведуваат на разни инвестициски влогови и инвестициско тргување, ги поттикнуваат да внесат лични и банкарски податоци, ветувајќи им голема заработувачка и материјална корист. Во пораките за сторен сообраќаен прекршок, на оштетените граѓани им се испраќаат линкови каде за сторениот прекршок, треба да уплатат одредена сума пари.
Од МВР апелираат до граѓаните на посебна внимателност при добивање на вакви пораки, да не ги отвораат понудените линкови, да не внесуваат никакви податоци и да не вршат уплати, а секој ваков случај да го пријавуваат во најблиската полициска станица.
Исто така од МВР потсетуваат дека официјалните смс известувања за сторен сообраќаен прекршок од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR SC“ и содржи комплетни податоци и фотографии за возилото со кое е сторен прекршокот и линк до официјалната веб страна со домен.
- Стигнуваат пораки за казни од „Безбеден град“, но станува збор за измама – МВР откри како да ги препознаете
- Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка и по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата
- Мицкоски: Жителите на Каменик добиваат систем за водоснабдување, потоа следува и асфалтирање на патот
- Манасиевски: Кредитот од 5 милиони евра за фирмата на сватот на Ахмети објаснува зошто Бесими ја отворил темата за Алта банка на владина седница
- Николоски: Македонските аеродроми рушат рекорди
- Буџетот за 2027 година ќе има повеќе пари за плати, пензии и здравство: Димитриеска-Кочоска откри што е приоритет
- ВМРО-ДПМНЕ: Алта банка немала забрана за работа во ЕУ, СДСМ и Филипче шират лаги
- СДСМ: Власта ги изгласа измените на Законот за јавни набавки, се отвора врата за тендери без контрола

