Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

    13.11.2026 во 19:39

    ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти

    13.11.2026 во 19:23

    Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

    13.11.2026 во 19:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции
    • ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти
    • Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
    • Приведен Албанец на Табановце, одземена приколка на товарно возило
    • Мајкрософт: Охрабрувачки напредок во обновувањето на услугите во Европа
    • Германија ќе се вклучи во мировните преговори за Украина
    • Американскиот министер за финансии: Нема да ме исплашат заканите со смрт од Иран
    • Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

    Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

    13.11.2026 во 19:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на “Форумот на уставни судови на Балканот”, кој се одржува во Охрид, посочувајќи ја клучната улога на уставното судство во заштитата на уставниот поредок, основните права и слободи, како и во воспоставувањето функционален систем на владеење на правото.

    Николоски истакна дека Уставниот суд има посебна и незаменлива улога во демократската држава, особено во време на брзи општествени, технолошки и политички промени, кога стабилноста и отпорноста на институциите се од особено значење.

    -Институциите мора да бидат стабилни, институциите мора да бидат отпорни и институциите мора да ги преживуваат политичките промени. Независноста, професионалноста и интегритетот на уставните судии и на Уставниот суд се клучни за исполнување на оваа функција, нагласи Николоски.

    Тој потенцираше дека владеењето на правото не подразбира само донесување квалитетни одлуки, туку и нивно почитување и спроведување, при што извршната и законодавната власт имаат одговорност да обезбедат услови за целосна имплементација на одлуките на Уставниот суд.

    -Почитувањето на уставното судство е показател за институционална зрелост и демократска одговорност на една држава. Затоа ние се трудиме да ги почитуваме и Уставниот суд да го добива заслуженото место во државно-правниот поредок, истакна вицепремиерот.

    Осврнувајќи се на предизвиците што ги носат дигитализацијата и развојот на вештачката интелигенција, Николоски порача дека технолошкиот напредок не може да ја замени човечката експертиза, знаењето и личното искуство, особено кога станува збор за толкувањето и спроведувањето на Уставот и законите.

    -Не можам да се согласам со одредени дебати дека дури и во делот на почитување и спроведување на Уставот и законите треба да се потпреме на вештачката интелигенција. Сметам дека тоа не е патот по кој треба да се движиме, затоа што знаењето и личното искуство се нешто незаменливо и нешто што не може ниту една машина да го направи, рече Николоски.

    Прочитај повеќе

    Величковски: Инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

    13.11.2026 во 12:34

    Димитриеска-Кочоска го образложи Предлог-буџетот за 2027: Проектиран раст од 3,8% и 40,8 милијарди денари за капитални инвестиции

    13.11.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.