Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Едно боцкање за рано откривање — грижата за машкото здравје не смее да биде табу

    13.11.2026 во 14:52

    Го чекале пред училиште: Малолетник тепан од петмина врсници со боксови, клоци и тврди предмети

    13.11.2026 во 14:34

    Скопје: 4-годишно девојче паднало по скали, после два дено го однеле со тешки повреди на доктор

    13.11.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Едно боцкање за рано откривање — грижата за машкото здравје не смее да биде табу
    • Го чекале пред училиште: Малолетник тепан од петмина врсници со боксови, клоци и тврди предмети
    • Скопје: 4-годишно девојче паднало по скали, после два дено го однеле со тешки повреди на доктор
    • Прегазени двајца велосипедисти
    • Серија апсења во Скопје
    • Ужас во Скопје: Трактор сам тргнал и го прегазил сопственикот
    • 90 кг дрога имал во станот, 200 кг во шумата – Голема полициска акција кај Топола
    • Мажи се степале за девојка, обезбедувањето се обидел да ги раздели по што го убиле – Хорор во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Едно боцкање за рано откривање — грижата за машкото здравје не смее да биде табу

    Клековски: Едно боцкање за рано откривање — грижата за машкото здравје не смее да биде табу

    13.11.2026 во 14:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, во рамките на кампањата „Мовембар“, ја посети ЗД „Железничар“ и, заедно со директорот Спасе Јанев, ја поддржа иницијативата за бесплатни ПСА-тестирања за рано откривање на ракот на простатата. На настанот присуствуваа и пратеникот во Собранието Драган Ковачки, претседателот на Лекарската комора проф.д-р Никола Јанкуловски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Јовица Андовски и директорот на УК за физикална медицина и рехабилитација д-р Злате Мехмедовиќ. 

    „Ноември е месецот кога мустаќите се симбол на важна порака: грижата за машкото здравје не смее да биде табу. Превенцијата е најдоброто вложување во здравјето“, изјави министерот Клековски.

    Министерот истакна дека ракот на простатата е едно од најчестите малигни заболувања кај мажите, дека бројот на новодијагностицирани случаи расте и дека кај нас заболувањето често се открива во понапреднат стадиум, кога можностите за лекување се ограничени.

    „Мажите често ги одложуваат прегледите поради страв, срам или убедување дека се здрави. Грижата за здравјето не е слабост, туку одговорност кон себеси и кон семејството“, порача Клековски.

    Тестирањето е едноставно и брзо — едно боцкање, со капка крв од прст. Министерот појасни дека покачената вредност не значи автоматски рак, бидејќи може да се должи на бенигно зголемување, воспаление или инфекција, а резултатот го толкува лекар, кој при сомнеж упатува на уролошка проценка. Разговорот за ПСА-тестирање обично започнува околу 50-тата година, а кај мажите со семејна историја на рак на простатата — околу 45-тата.

    ЗД „Железничар“ е првата јавна здравствена установа со бесплатни ПСА-тестирања, наменети за промоција и за градење свест за раното откривање. Во последните две години се опфатени околу илјада граѓани, а сите со покачена вредност се упатени на дополнителни испитувања. Вчера, во соработка со Црвениот крст, беа тестирани околу 30 бездомници, а опфатот ќе се проширува и на други социјално загрозени лица.

    „Здравствениот систем се менува и никој не е заборавен. Идејата е да се допре до секоја пора во општеството, вклучително и до најранливите категории“, нагласи министерот.

    Министерот изрази благодарност до Проект Хоуп, Ротари клуб и Gentleman’s Crew Skopje за поддршката на машкото здравје.

    Прочитај повеќе

    Го чекале пред училиште: Малолетник тепан од петмина врсници со боксови, клоци и тврди предмети

    13.11.2026 во 14:34

    Скопје: 4-годишно девојче паднало по скали, после два дено го однеле со тешки повреди на доктор

    13.11.2026 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.