Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на улиците „Марко Крале“, „Зуфер Мусиќ“ и дел од улицата „Хо Ши Мин“.
Причина за прекинот е дефект на огрлица на улицата „Марко Крале“ бр. 54, на крстосницата со „Хо Ши Мин“.
Водоснабдувањето е прекинато од 9 часот и ќе остане во прекин до завршување на санацијата на дефектот.

