Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема подобра заштита за сипаници од вакцинацијата

    12.11.2026 во 19:11

    Нова иницијатива од Москва: Предлог за хуманитарно примирје во источна Украина

    12.11.2026 во 18:58

    Трамп му сврте грб на договорот со Иран: Тоа време е минато

    12.11.2026 во 18:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема подобра заштита за сипаници од вакцинацијата
    • Нова иницијатива од Москва: Предлог за хуманитарно примирје во источна Украина
    • Трамп му сврте грб на договорот со Иран: Тоа време е минато
    • Студентски револт во Хрватска: Најавен собир и „осум минути молк“ за смртта на Кристијан Јосип Периш
    • Јанез Јанша: ЕУ мора да има еден претставник во мировните преговори за Украина
    • Уапсени осум возачи за безобѕирно управување: Возеле без дозвола, двајца и покрај активна забрана
    • Стоматолошкиот клинички центар со нова опрема: Современи услови за третман под општа анестезија
    • Египетска делегација во посета на Уставниот суд: Фокус на уставното право и вештачката интелигенција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема подобра заштита за сипаници од вакцинацијата

    Клековски: Еден сомнителен случај на морбили, нема подобра заштита за сипаници од вакцинацијата

    12.11.2026 во 19:112 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Еден сомнителен случај на морбили има во државата – изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.

    Сомнителниот случај е дете на возраст над една година, за кое сè уште се вршат лабораториски испитувања. Досега има пет потврдени случаи на морбили во државата, од кои четири се македонски државјани, а еден е странец.

    Клековски рече дека сите случаи се обработуваат темелно епидемиолошки за да се утврдат контактите и да се предупредат сите можни контакти.

    – Знам дека имаме зголемено ниво на вакцинирање. Имаме доволно вакцини, така што мислам дека на почетокот имавме речиси 15.000, има и други достапни количини – посочи Клековски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Стоматолошкиот клинички центар.

    Тој демантира дека Министерството за здравство или која било здравствена институција, дел од здравствените власти, испратила насоки до Министерството за образование или до Министерството за социјална политика да бара потврди за вакцинирање.

    – Ниеден дел од здравствените власти нема испратено препорака до соодветните други установи, зборуваме за образование, за непримање деца. Нашето апелирање е до родителите дека со невакцинирањето ги изложуваат сопствените деца, бебињата, на ризик. Чинот на доброволност го нагласувам за да се избегнат моментите на постојните групи на антиваксери, кои сметаат дека ова е повторно некаков заговор за да ги тераме родителите да ги вакцинираат децата. Нема никаков заговор. Моите деца се вакцинирани кога било време да бидат вакцинирани, не отпосле. Апелирам до сите родители – нема подобра заштита за сипаници од вакцинацијата. Сите заедно како општество треба да се вклучиме со јасна волја дека ова е единствен начин да спречиме епидемија и дека сите треба да направиме чекор кон тоа. Нема потреба да се закануваме, да присилуваме, да се фалсификуваат потврди и што ли уште не да се прави – додаде Клековски

    Прочитај повеќе

    Студентски револт во Хрватска: Најавен собир и „осум минути молк“ за смртта на Кристијан Јосип Периш

    12.11.2026 во 18:15

    Уапсени осум возачи за безобѕирно управување: Возеле без дозвола, двајца и покрај активна забрана

    12.11.2026 во 17:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.