Close Menu
Press24
    Најново

    ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка

    12.11.2026 во 17:04

    УХМР ги измери температурите низ Македонија во 16 часот

    12.11.2026 во 16:55

    Инцидент во Бугарија: Урсула фон дер Лајен гаѓана со јајца

    12.11.2026 во 16:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија во 16 часот
    • Инцидент во Бугарија: Урсула фон дер Лајен гаѓана со јајца
    • Уапсена градоначалничката на Смедерево – Одреден ѝ е притвор од 48 часа
    • Сведочење за трагедијата во „Пулс“: Инспекторите од Пробиштип не знаеле дека ќе прават контрола во дискотеката
    • Полициска акција во Вашингтон по пукање во близина на Белата куќа, училиштата привремено затворени
    • Тошковски: Пуштен во употреба реконструиран објект за Интервентната полиција во Ѓорче Петров, криминалитетот на најниско ниво во последните 20 години
    • Клековски: Нов сомнителен случај на морбили кај дете над една година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка

    ЛДП до премиерот: Доста со лажно жалење – со еден потпис запрете ја застареноста, ја имате нашата поддршка

    12.11.2026 во 17:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Либерално-демократската партија (ЛДП) со остри реакции се огласи по повод актуелните случувања со судските процеси и застареноста на делата, упатувајќи директна порака до премиерот дека располага со сите механизми за решавање на проблемот, но му недостасува политичка волја.

    Од партијата порачуваат дека е доста од празни алибија и префрлање на вината исклучиво врз судството.

    „Премиере, доста е од празни алибија, манипулации и глумење фрапираност од судството кое сам го оставивте на цедило! Многу добро знаеш дека со еден единствен потпис на следната владина седница можете да пуштите закон во Собранието по скратена постапка со кој ќе се зголемат роковите на застареноста за делата кои го оштетуваат буџетот, токму онака како што Либерално-демократската партија (ЛДП) бара во континуитет веќе пет години! Ја имаш целосната и недвосмислена поддршка од ЛДП да го направиш тоа уште вечерва, но очигледно политичката волја кај тебе целосно отсуствува бидејќи вистинската цел ви е сокриена во скандалозните измени на Кривичниот законик кои вашето мнозинство ги изгласа два пати без никакви интервенции во овој дел,“ велат од ЛДП.

    Од партијата нагласуваат дека граѓаните гледаат каде лежи вистинската моќ и го потсетуваат премиерот дека тој ја раководи власта и собраниското мнозинство.

    „Нејсе, немој да ни се продаваш за заштитник на правдата и да ја префрлаш вината исклучиво на судиите и Врховниот суд, кога народот не е глупав да не гледа каде лежи вистинската моќ! Ти раководиш со оваа власт, ти го командуваш собраниското мнозинство и ти имаш инструмент да го решиш ова во две минути. Наместо да кукаш по телевизиски студија дека ‘бадијала е сето злато на светот ако нема одговорност’, зошто молчиш кога твоите пратеници ги отвораат вратите за амнестија и овозможуваат криминалот неказнето да цвета?“

    На крајот, од ЛДП изразуваат револт од актуелната состојба и бараат итна реакција:

    „Фрустрирани сме од тебе и од твојот лицемерен систем кој ги штити привилегираните, а го удира обичниот граѓанин по џеб! Имате моќ, имате институции, ја имате и нашата поддршка на располагање – изменете го Кривичниот законик веднаш или престанете да лажете и да нè мачите сите нас со евтини театри!“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски утре во посета на Општина Гази Баба: Пуштање во употреба на новата детска градинка „Лавче“ во Инџиково

    12.11.2026 во 14:59

    Ристовска Додевски: Од бесплатен оброк за учениците до субвенција од 1.000 денари, уште едно неисполнето ветување на Герасимовски и СДС

    12.11.2026 во 14:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.