Close Menu
Press24
    Најново

    Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка

    12.11.2026 во 12:10

    Димитријевиќ: СДСМ поднесе пријава против Славески за Алта банка, институциите мора да постапат

    12.11.2026 во 12:02

    Силен ветер со брзина над 80 км/ч ќе ја зафати Македонија: УХМР најави и пад на температурите

    12.11.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка
    • Димитријевиќ: СДСМ поднесе пријава против Славески за Алта банка, институциите мора да постапат
    • Силен ветер со брзина над 80 км/ч ќе ја зафати Македонија: УХМР најави и пад на температурите
    • Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста за Алта банка и манипулира со документи наместо да даде одговори
    • Јанев во посета на оперативните единици на Германската федерална полиција – размена на искуства и добри практики
    • Бојковска: Со новиот Кривичен законик се воведува казна затвор за ширење лажни информации со кои се загрозува банкарскиот систем
    • Од утре почнува исплатата на осигурените депозити од Алта банка преку Поштенска штедилница
    • Филипче најави кривични пријави за Алта банка: „Мицкоски, истото те чека и тебе“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка

    Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка

    12.11.2026 во 12:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на официјалната посета на Атина, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го посети Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција (ЕКДДА), институција која има значајна улога во развојот на професионалните капацитети и континуираната обука на административните службеници во Грција.

    За време на посетата, претседателот на ЕКДДА, Василиос Ексархос, одржа презентација за работата, организацијата и искуствата на Центарот, по што следуваше дискусија за конкретните следни чекори по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу двете институции. Во фокусот се директна институционална координација, размена на експертиза, развој на програми за обука и пренесување на успешни практики кои можат да придонесат за унапредување на професионалните стандарди во јавната администрација.

    Министерот Минчев и претседателот Ексархос ги разгледаа и просториите на Националниот центар, при што беа презентирани неговите капацитети, услови и инфраструктура за спроведување на обуките и професионалниот развој. Посетата овозможи непосредно запознавање со начинот на функционирање на грчкиот модел и размена на искуства кои се од особено значење за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници во нашата земја.

    Меморандумот за соработка претставува почеток на конкретни активности, размена на знаења и долгорочно институционално партнерство. Целта е позитивните искуства и докажаните практики да се преточат во применливи решенија, со кои ќе се унапредат системот на обука, професионалните компетенции и квалитетот на јавната администрација, во интерес на граѓаните и поефикасните јавни услуги.

    Прочитај повеќе

    Димитријевиќ: СДСМ поднесе пријава против Славески за Алта банка, институциите мора да постапат

    12.11.2026 во 12:02

    Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста за Алта банка и манипулира со документи наместо да даде одговори

    12.11.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.