Едно лице е повредено во пукотница што се случи вечерва во Будва.
Инцидентот се случил во населба лоцирана во непосредна близина на главните семафори во градот.
Според изјави на очевидци од местото на настанот, во инцидентот учествувале турски државјани.
Полициски екипи се веднаш излезени на терен и вршат увид, додека засега нема официјални информации за здравствената состојба на повреденото лице.
Истрагата што ја спроведуваат надлежните органи треба да ги утврди сите детали и околности под кои се случило пукањето, објави РТЦГ.

