Close Menu
Press24
    Најново

    Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за да избегне политичка одговорност

    11.11.2026 во 21:17

    Трамп прогласи победа над Иран

    11.11.2026 во 21:15

    Сето злато на светот да им го дадеме, бадијала е сѐ ако нема одговорност – Мицкоски со критики за судскиот систем

    11.11.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за да избегне политичка одговорност
    • Трамп прогласи победа над Иран
    • Сето злато на светот да им го дадеме, бадијала е сѐ ако нема одговорност – Мицкоски со критики за судскиот систем
    • Во тек е целосна реконструкција на жичарата на Водно, Ѓорѓиевски најави нејзино отворање следниот месец
    • Мицкоски: Лагите на СДСМ за Алта банка се распрснаа како меур од сапуница
    • Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура
    • Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка
    • Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за да избегне политичка одговорност

    Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за да избегне политичка одговорност

    11.11.2026 во 21:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија обвини дека Христијан Мицкоски изнесе невистини како сведок на надзорната расправа за Алта банка во Собранието, со цел да ја избегне политичката одговорност за влезот на банката во Македонија.

    „На денешната надзорна расправа премиерот Христијан Мицкоски се дрзна да каже една брутална лага како сведок на јавната расправа“, истакна Карамфилова-Пановска.

    Таа ја посочи лагата на Мицкоски кој се обиде да ја префрли одговорноста врз претходната Влада на СДСМ, повикувајќи се на владини документи поврзани иако, документите покажуваат сосема спротивно.

    „Тоа што Владата на СДСМ го направила со оваа одлука е де факто штитење на државните интереси на нашата држава и на интересот на граѓаните. Денеска тоа беше брутален обид, односно лага која што премиерот изрично ја кажа од столчето на надзорната расправа на еден сериозен инструмент на Парламентот пред сите пратеници и пред сите граѓани“, нагласи таа.

    Каранфилова-Пановска побара реакција од Јавното обвинителство, посочувајќи дека и во претходни случаи сведоци кои дале лажни искази на надзорни расправи биле предмет на обвинителски постапки.

    „Во обид да се избегне од политичката одговорност премиерот е подготвен и понатаму да зборува невистини и затоа мора да има одговорност и Основното јавно обвинителство мора да делува“, порача заменик-претседателката на СДСМ.

    Таа потенцираше дека суштинското прашање на кое ниту Мицкоски ниту гувернерот Трајко Славески не дале одговор е како Алта банка Белград добила дозвола да ја преземе Стопанска банка Битола, и покрај предупредувањата и сомнежите за репутацијата на сопственикот и потеклото на капиталот.

    Каранфилова-Пановска рече дека гувернерот ја потпишал дозволата по консултации со премиерот, повикувајќи се на политичката чувствителност на одлуката.

    „Прашањето е која е таа политичка сензитивност, односно кои се тие политички концесии“, праша таа, поврзувајќи го случајот со односите меѓу Мицкоски и Александар Вучиќ.

    Таа нагласи дека граѓаните денеска се соочуваат со ограничен пристап до сопствените средства, додека власта се обидува да ја претстави состојбата како нормална.

    „Штетата ја направи Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Христијан Мицкоски и одлуката на гувернерот“, рече Карамфилова-Пановска.

    „Премиер кој што стана и судија и обвинител во последно време и гувернер и брокер и банкарски консултант“, додаде таа, критикувајќи го мешањето на Мицкоски во прашања што се во надлежност на независните институции.

    Каранфилова-Пановска порача дека Обвинителството има обврска неселективно да ги испита околностите за издавањето на дозволата за Алта банка, како и наводите за невистинит исказ на надзорната расправа.

    „За тоа ќе има одговорност и политичка и институционална“, заклучи заменик-претседателката на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Сето злато на светот да им го дадеме, бадијала е сѐ ако нема одговорност – Мицкоски со критики за судскиот систем

    11.11.2026 во 21:03

    Мицкоски: Лагите на СДСМ за Алта банка се распрснаа како меур од сапуница

    11.11.2026 во 20:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.