Close Menu
Press24
    Најново

    Сето злато на светот да им го дадеме, бадијала е сѐ ако нема одговорност – Мицкоски со критики за судскиот систем

    11.11.2026 во 21:03

    Во тек е целосна реконструкција на жичарата на Водно, Ѓорѓиевски најави нејзино отворање следниот месец

    11.11.2026 во 20:24

    Мицкоски: Лагите на СДСМ за Алта банка се распрснаа како меур од сапуница

    11.11.2026 во 20:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сето злато на светот да им го дадеме, бадијала е сѐ ако нема одговорност – Мицкоски со критики за судскиот систем
    • Во тек е целосна реконструкција на жичарата на Водно, Ѓорѓиевски најави нејзино отворање следниот месец
    • Мицкоски: Лагите на СДСМ за Алта банка се распрснаа како меур од сапуница
    • Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура
    • Петрушевски: Дали обвинителството ќе го повика Филипче да одговара за ширење паника и сериозни обвинувања за Алта банка
    • Талески до обвинителот Савески: Дали има предмет и дали ќе се испитува одговорност кај Мицкоски, Славески и Димитриеска-Кочоска
    • Сиљановска-Давкова се сретна со Ван дер Белен во Анталија: Проширувањето на ЕУ е и безбедносно прашање
    • Кузманоска до АСО: Каква е финансиската состојба на Алта осигурување и има ли ризик за секторот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сето злато на светот да им го дадеме, бадијала е сѐ ако нема одговорност – Мицкоски со критики за судскиот систем

    Сето злато на светот да им го дадеме, бадијала е сѐ ако нема одговорност – Мицкоски со критики за судскиот систем

    11.11.2026 во 21:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во гостувањето во Тема на денот во дневникот на Сител Телевизија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изрази сомнеж дека буџетот на судството и обвинителството се причината за лошите резултати во правосудството.

    „Јас можам да ви гарантирам дека не станува збор за парите. Еве сега преку судски буџет судовите во Македонија добија дозвола за вработување на преку 200 луѓе, и догодина ќе добијат уште толку. Платите им се покачени на судиите и чекаме одлука на Уставниот суд за обвинителите, но каква и да биде, позитивна или негативна, и тие ќе добијат покачување на платите. Ќе се доведеме во една ситуација во која што да речеме, многумина од судиите во апелација ќе имаат повисока плата од претседателот на Владата. Но и тоа нека биде така. Јас ви гарантирам дека сето злато на светот да им го дадеме, ако нема чувство на одговорност и правдољубивост бадијала е се.“, посочи Мицкоски.

    Мицкоски истакна дека со сегашниот буџет се предвидуваат многу повеќе средства за обвинителството и судството како од порано, така и од повеќето земји членки на ЕУ.

    „Јас зборувам за една мала група на луѓе, кои што ги контаминира другите луѓе. Еве да речеме каква е одговорноста на Врховниот суд? Дали некој  прашува како работи Врховниот суд? Зошто кривичниот оддел при Врховниот суд континуирано поништува дела каде што се засегнати функционери од ДУИ и ги враќа во прв степен за да застарат? Граѓаните се шокирани од ваквите одлуки. Затоа велам може да имате прекрасни судии, и има прекрасни судии со одлуки поврзани со правото стотици, но една ваква одлука се’ поништува. Затоа што ова е политички сензитивна одлука, кога вие како судии во Врховен суд ќе вратите дело кое што поминало во Основен и на Апелација повторно на почеток, затоа што знаете дека тоа дело ќе застари и нема време лицето да биде правосилно осудено.“, истакна Мицкоски.

    Тој ги повика медиумите да ги проверат судиите кои учествувале во носењето на одлуките за случаите „Ласкарци“ и „Модуларната болница“ и зошто се донесени таквите одлуки. Таквите одлуки според него ги фрустрираат граѓаните и него лично, бидејќи создаваат чувство дека нема борба против криминалот.

    „Сте слушнале ли за отчет на Врховниот Суд, еве за Кривичниот оддел? Сте виделе ли вие кои се таму судии во кривичниот оддел? Еве проверете.“, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Лагите на СДСМ за Алта банка се распрснаа како меур од сапуница

    11.11.2026 во 20:12

    Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека СДСМ и ДУИ влегла во деловен однос со Алта банка и Мацура

    11.11.2026 во 20:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.