Close Menu
Press24
    Најново

    Лефков до УФР: Има ли сознанија за сомнителни трансакции од Алта банка кон Србија и Русија

    11.11.2026 во 18:27

    Николова до АСО: Од која сметка и од каде потекнуваат 1,7 милиони евра со кои е купено Алта осигурување

    11.11.2026 во 18:25

    Бочварски до Андоновски: Дали како поранешен директор за лиценцирање имавте сознанија за прекршоците на Алта банка во Австрија

    11.11.2026 во 18:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков до УФР: Има ли сознанија за сомнителни трансакции од Алта банка кон Србија и Русија
    • Николова до АСО: Од која сметка и од каде потекнуваат 1,7 милиони евра со кои е купено Алта осигурување
    • Бочварски до Андоновски: Дали како поранешен директор за лиценцирање имавте сознанија за прекршоците на Алта банка во Австрија
    • Бојковска до Андовски: Каква состојба затекнавте во Алта банка Битола пред воведувањето на администрацијата
    • Николовски за Алта банка: Европа ја затвори вратата во Виена, ние му ја отворивме во Битола
    • Славески: Состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни
    • ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет
    • Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков до УФР: Има ли сознанија за сомнителни трансакции од Алта банка кон Србија и Русија

    Лефков до УФР: Има ли сознанија за сомнителни трансакции од Алта банка кон Србија и Русија

    11.11.2026 во 18:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност “, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков oсврнувајќи се на шпекулациите што во изминатиот период се пласираат во јавноста за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка кон Србија и Русија и посочи дека ваквите наводи бараат јасни одговори и утврдување на фактите, особено имајќи ја предвид важноста на финансиската стабилност, надзорот и спречувањето на можни злоупотреби на банкарскиот систем.

    „Во последниот период во јавноста се пласираат сериозни тврдења за наводни трансфери на значителни финансиски средства од Алта банка АД Битола кон Србија па дури и кон Русија. Ова се тврдења кои не смеат да останат неодговорени, не смеат да отворат сомнеж за финансиската сигурност, за контролата на финансиските текови и во функционирањето на системот за спречување на перење пари и за можни злоупотреби на финансискиот систем, од друга страна Народната Банка излезе со конкретни информации дека во 2025 заклучно со Октомври 2026 не се евидентирани трансакции на поголеми износи кон Србија, а дека воопшто не се евидентирани приливи или одливи кон Русија во рамките на платниот промет“ рече Лефков и додаде:

    „Моето конкретно прашање кое треба да го расчистиме е дали Управата за финансиско разузнавање има добиено извештаи или имате сознанија за сомнителни трансакции поврзани со Алта банка АД Битола или со други правни или физички лица поврзани со нив?“.

    Прочитај повеќе

    Николова до АСО: Од која сметка и од каде потекнуваат 1,7 милиони евра со кои е купено Алта осигурување

    11.11.2026 во 18:25

    Бочварски до Андоновски: Дали како поранешен директор за лиценцирање имавте сознанија за прекршоците на Алта банка во Австрија

    11.11.2026 во 18:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.