Close Menu
Press24
    Најново

    Славески: Состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни

    11.11.2026 во 17:35

    ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет

    11.11.2026 во 17:29

    Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година

    11.11.2026 во 17:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Славески: Состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни
    • ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет
    • Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година
    • Петкоска до Агенцијата за разузнавање: Како се следат безбедносните ризици и каква е координацијата со НАТО партнерите
    • Јаревски: Алта банка не е ТАТ ниту Еуростандард, Народната банка реагираше навремено
    • Утре повеќе од 7 часа ќе нема струја – Најавени исклучувања на повеќе места
    • Над 80 км/ч ќе дува ветер во Македонија, а од сабота доаѓа голема промена на времето
    • Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за финансиската стабилност од состојбите во Алта банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Славески: Состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни

    Славески: Состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни

    11.11.2026 во 17:353 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на денешната надзорна расправа на Комисијата за финансирање и буџет, посветена на причините за воведувањето администрација, улогата на Народната банка и институционалната одговорност.

    Гувернерот Трајко Славески посочи дека пред издавањето согласност за стекнување квалификувано учество, Народната банка ги спровела сите проверки предвидени со законските и подзаконските прописи. Биле проверени сопственичката структура, крајниот сопственик, потеклото на средствата и финансиската состојба на потенцијалниот инвеститор, а биле разменети и информации со надлежни домашни и странски институции.

    „Состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни. Капитализираноста е околу 26%, ликвидните средства учествуваат со околу 40% во вкупната актива, а нефункционалните пласмани се под 3%. Администрацијата има цел да ја зачува оваа позиција и да го заштити билансот на банката до изнаоѓањето нов сопственик“, истакна Славески.

    Вицегувернерката Ана Митреска објасни дека „Одземањето на дозволата за работа на „Алта банка“ Белград значеше дека таа повеќе не ги исполнува условите за квалификуван акционер во домашната банка. Затоа, Народната банка ја повлече претходно издадената согласност и му ги одзеде правата на глас на акционерот. Администрацијата е времена и превентивна мерка, чијашто цел е да се зачува здравата позиција на домашната банка“, истакна Митреска.

    Вицегувернерот Игор Величковски посочи дека Народната банка континуирано ја следи состојбата во банката и дека ограничувањата за клиентите постепено се олеснуваат, согласно проценката на ризиците и условите за заштита на средствата на депонентите и доверителите.

    „Ограничувањата постепено се олеснуваат преку зголемување на износите коишто граѓаните можат да ги повлекуваат, повторно отворање на филијалите и ставање во функција на дигиталните канали за плаќања. Целта е клиентите постепено да го вратат вообичаениот пристап до своите средства и платежните услуги“, истакна Величковски.

    Администраторот Илија Андовски појасни дека администрацијата е воведена за период од три месеци, согласно Законот за банките, и дека во рок од 21 ден од именувањето администраторите треба да ја утврдат состојбата во банката и да достават извештај до Извршниот одбор на Народната банка.

    „Наш приоритет е заштитата на имотот и документацијата на банката, како и зачувувањето на континуитетот на дозволените банкарски активности. Администрацијата не значи престанок на работењето на банката, туку привремено преземање на управувањето за да се заштитат нејзиниот имот и интересите на депонентите и доверителите“, истакна Андовски.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет

    11.11.2026 во 17:29

    Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година

    11.11.2026 во 17:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.