Close Menu
Press24
    Најново

    ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет

    11.11.2026 во 17:29

    Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година

    11.11.2026 во 17:26

    Петкоска до Агенцијата за разузнавање: Како се следат безбедносните ризици и каква е координацијата со НАТО партнерите

    11.11.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет
    • Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година
    • Петкоска до Агенцијата за разузнавање: Како се следат безбедносните ризици и каква е координацијата со НАТО партнерите
    • Јаревски: Алта банка не е ТАТ ниту Еуростандард, Народната банка реагираше навремено
    • Утре повеќе од 7 часа ќе нема струја – Најавени исклучувања на повеќе места
    • Над 80 км/ч ќе дува ветер во Македонија, а од сабота доаѓа голема промена на времето
    • Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за финансиската стабилност од состојбите во Алта банка
    • Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет

    ВЛЕН: ДУИ да ги разјасни финансиските врски со српскиот бизнис-свет

    11.11.2026 во 17:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес јавноста беше потресена од информациите за финансиските врски меѓу компании блиски до семејниот круг на Али Ахмети и белградската Алта банка. Овие случувања отвораат сериозни прашања за улогата на ДУИ, поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими и трансакциите за кои се потребни итни одговори, велат од ВЛЕН.

    „Во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата предводена од СДСМ и ДУИ ѝ даде согласност на Државната правобранителска служба да постапува во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна беше купена од Алта банка.

    Во меѓувреме, компанијата AS Senjak, за која во јавноста се изнесени тврдења за семејна поврзаност со Али Ахмети, се споменува во неколку трансакции кои бараат целосна истрага: во октомври 2024 година стекнала акции во Стопанска банка Битола, во јуни 2025 година компанија во која е косопственик добила кредит од 5 милиони евра од Алта банка, додека во септември 2025 година нејзините акции во оваа банка ѝ биле продадени токму на Алта банка.

    Али Ахмети и ДУИ мора да одговорат: какви врски имаат со сопственикот на AS Senjak и дали биле запознаени со овие трансакции? И улогата на Фатмир Бесими во одлуките од 2023 година треба да биде предмет на проверка од надлежните институции.

    Со години ДУИ го користеше патриотизмот како политички штит. Денес, кога се поставуваат прашања за финансиските односи со српскиот бизнис-свет, наместо одговори, избира да напаѓа по прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик и за правичната застапеност.

    Но, за албанскиот јазик и правата на Албанците има кој да се грижи. ВЛЕН ги решава овие прашања преку законски решенија и конкретни одлуки. Правосудниот испит на албански јазик станува реалност, а ДУИ не може ова достигнување да го користи како изговор за да ги избегне прашањата за Алта банка.

    ВЛЕН бара Јавното обвинителство да ги истражи сите трансакции и улогата на инволвираните лица. Патриотизмот не може да биде штит за приватни интереси. Албанците заслужуваат одговори, а не молк и политичко пренасочување на вниманието“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова на COP31: Нето-емисиите на стакленички гасови да се намалат за 80% до 2035 година

    11.11.2026 во 17:26

    Петкоска до Агенцијата за разузнавање: Како се следат безбедносните ризици и каква е координацијата со НАТО партнерите

    11.11.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.