Close Menu
Press24
    Најново

    Скопска општина дава по 10.000 денари: Проверете дали ги исполнувате условите

    11.11.2026 во 11:30

    Имате уште четири дена за да се спремите: Од понеделник полицијата ќе казнува по 45 евра

    11.11.2026 во 11:21

    Тензии во Собранието кратко ја прекинаа надзорната расправа за Алта банка

    11.11.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопска општина дава по 10.000 денари: Проверете дали ги исполнувате условите
    • Имате уште четири дена за да се спремите: Од понеделник полицијата ќе казнува по 45 евра
    • Тензии во Собранието кратко ја прекинаа надзорната расправа за Алта банка
    • Пазар на недвижности: Драстичен пад на продажбата, но и енормен раст на закупите
    • Египет прогласи македонска организација за терористичка – воведени се санкции
    • Мицкоски извади документ на надзорната расправа: СДСМ во 2023 договориле деловни односи со Алта Банка
    • Камери од Сејф Сити се поставуваат во уште неколку градови низ Македонија
    • Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на донации за изградба на меморијален парк „Патека на бесконечноста“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопска општина дава по 10.000 денари: Проверете дали ги исполнувате условите

    Скопска општина дава по 10.000 денари: Проверете дали ги исполнувате условите

    11.11.2026 во 11:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Младите жители на Општина Центар и оваа година можат да добијат финансиска поддршка од 10.000 денари за обука и полагање возачки испит за Б-категорија. Мерката продолжува да се спроведува, а од почетокот на годината до крајот на октомври субвенцијата веќе ја искористиле вкупно 149 жители на општината, информираат од локалната самоуправа.

    Градоначалникот Горан Герасимовски изрази задоволство од интересот што го покажуваат младите за оваа финансиска помош и ги повика сите што ги исполнуваат условите да ја искористат можноста и да поднесат барање.

    „Ме радува што сè повеќе центарци ја користат оваа можност. Со субвенцијата од 10.000 денари помагаме на семејствата да ги намалат трошоците, а младите ги охрабруваме да станат одговорни и совесни возачи“, порача Герасимовски.

    Право на финансиска поддршка имаат младите родени во 2006, 2007 и 2008 година.

    Оваа година е воведена и една новина во постапката за исплата. Имено, средствата повеќе не мора да се уплатуваат исклучиво на трансакциската сметка на лицето што аплицира, туку субвенцијата може да биде исплатена и на сметката на неговиот родител.

    За да ја добијат финансиската поддршка, заинтересираните треба да достават неколку документи: барање за субвенција, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола, како и потврда дека автошколата во која се врши обуката е регистрирана на територијата на Општина Центар.

    Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, во барака број 6. Приемот на документите се врши секој работен ден, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.

    Прочитај повеќе

    Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје

    11.11.2026 во 09:40

    Ѓорѓиевски: Од депонија до мега-парк во Карпош

    10.11.2026 во 20:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.