Close Menu
Press24
    Најново

    Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија

    11.11.2026 во 09:45

    Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје

    11.11.2026 во 09:40

    Од денеска ќе може да се дава плата преку Алта Банка

    11.11.2026 во 09:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
    • Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
    • Од денеска ќе може да се дава плата преку Алта Банка
    • Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
    • Денеска Надзорна комисија во Собранието за Алта Банка АД Битола
    • Продолжува судењето за „Пулс“: Одбраната најави 240 сведоци
    • Продолжува судењето за „Државна лотарија“
    • Денеска облачно, бидете подготвени за дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија

    Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија

    11.11.2026 во 09:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот државен секретар, Марко Рубио, потврди дека претседателот Доналд Трамп има намера следната недела во Шенжен да разговара со лидерите на Кина и Русија.

    Кина минатата недела соопшти дека се разговара за средба на кинескиот претседател Шј Џјинпинг, Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. И руската страна претходно потврди дека се работи на подготовка на средба на тројцата лидери во рамки на Самитот на Азиско-тихоокеанската економска соработка (АПЕК), што ќе се одржува на 18 и 19 ноември во Шенжен.

    Рубио синоќа по состанокот на Г-7 во Париз пред новинарите изјави дека Трамп смета оти тројцата лидери треба да разговараат за „состојбата на нуклеарното оружје во светот“, бидејќи ширењето на нуклеарното оружје го смета за опасно.

    Евентуалната средба на Трамп, Шји и Путин би можела да биде историска, иако експертите за надворешна политика сметаат дека е малку веројатно да има суштински разговор на тројцата лидери со спротивставени интереси. Пекинг не сака да разговара за нуклеарното оружје, додека Русија настојува да ја поткопа американската поддршка за Украина. Според познавачите, средбата најверојатно би се свела на заедничко фотографирање, при што Кина внимателно би го испланирала секој детаљ.

    Се очекува Трамп во Шенжен да ја одржи третата средба годинава со Шји, со цел да се зачува кревкото трговско примирје што истекува во јануари.

    На Самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) учествуваат 21 членка, меѓу кои и САД и Русија. 

    Прочитај повеќе

    Курти до новото раководство во Србија: Признајте ја независноста на Косово

    10.11.2026 во 23:48

    На Европа ѝ се брза: Дигитално евро уште следната година

    10.11.2026 во 23:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.