Close Menu
Press24
    Најново

    Од денеска ќе може да се дава плата преку Алта Банка

    11.11.2026 во 09:38

    Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

    11.11.2026 во 09:37

    Денеска Надзорна комисија во Собранието за Алта Банка АД Битола

    11.11.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од денеска ќе може да се дава плата преку Алта Банка
    • Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
    • Денеска Надзорна комисија во Собранието за Алта Банка АД Битола
    • Продолжува судењето за „Пулс“: Одбраната најави 240 сведоци
    • Продолжува судењето за „Државна лотарија“
    • Денеска облачно, бидете подготвени за дожд
    • Курти до новото раководство во Србија: Признајте ја независноста на Косово
    • На Европа ѝ се брза: Дигитално евро уште следната година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Од денеска ќе може да се дава плата преку Алта Банка

    Од денеска ќе може да се дава плата преку Алта Банка

    11.11.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да продолжат со исплата на платите на вработените, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси. Ова го овозможува најновата измена на Решението за администрација на Народната банка, со која постепено се олеснуваат ограничувањата за клиентите на Банката.

    Можноста се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку платежните сметки во „АЛТА банка“ била воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена во трите месеци пред донесувањето на одлуката.

    Притоа, износот на средствата што компаниите ќе можат да ги користат од своите платежни сметки за исплата на плати може да биде до пет проценти повисок од вкупниот износ на платите исплатени во октомври.

    Од Народната банка посочуваат дека со оваа измена се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

    Со измените се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на нивните сметки во „АЛТА банка“, доколку средствата се префрлени од платежни сметки отворени во други банки или кај други даватели на платежни услуги.

    Тоа значи дека граѓаните без ограничување на износот ќе можат да ги користат дополнителните средства што ќе им бидат уплатени од други финансиски институции.

    Народната банка наведува дека внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ и продолжува со приспособување на мерките, земајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

    Приоритет, како што посочуваат, остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

    Прочитај повеќе

    Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

    11.11.2026 во 09:37

    Денеска Надзорна комисија во Собранието за Алта Банка АД Битола

    11.11.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.