Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.
За содржината на разговорот и испратените пораки за билатералната соработка, премиерот информираше преку својот профил на Фејсбук:
„На средбата ја истакнавме важноста на долгогодишните пријателски односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и потребата од нивно натамошно унапредување преку продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес“
Мицкоски додаде дека Обединетото Кралство претставува значаен партнер на Македонија, а континуираниот дијалог и заемната поддршка се важна основа за градење посилни билатерални односи и нови можности за соработка.

