Педесет и едногодишен жител на селото Требош е приведен под сомнение дека физички нападнал двајца малолетни ученици во училиштен двор во тетовскиот регион, на кои претходно им упатувал и вербални закани.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 9 ноември, околу 09:00 часот наутро, за време на големиот одмор. Осомничениот Б.Х. влегол во училишните простории, по што физички се пресметал со учениците.
Полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода осомничениот истиот ден во 18:10 часот, по што тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против Б.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

