Close Menu
Press24
    Најново

    Учениците во Србија од утре на распуст

    10.11.2026 во 10:08

    Наскоро неработен ден, последниот годинава – 2027 почнува со многу споени викенди

    10.11.2026 во 10:01

    Што се нема во скопската канализација

    10.11.2026 во 09:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Учениците во Србија од утре на распуст
    • Наскоро неработен ден, последниот годинава – 2027 почнува со многу споени викенди
    • Што се нема во скопската канализација
    • Хорор на автопат во Бугарија: Најмалку 7 загинати во верижен судир на над 50 возила
    • (ФОТО) Комунална хигиена со акција низ Скопје: Собрани 3.600 тони отпад, напишани и 26 записници
    • Детали за пожарот на Бит Пазар: 23 пожарникари со часови се бореле со огнот
    • Одлучувачки момент за Украина: Светот чека одговор од Абу Даби
    • СДСМ обвинува: Нема пари за народот, а задолжувањата и трошоците растат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Учениците во Србија од утре на распуст

    Учениците во Србија од утре на распуст

    10.11.2026 во 10:081 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Учениците од сите основни и средни училишта во Србија од утре одат на есенски распуст, а во училишните клупи ќе се вратат во понеделник, на 16 ноември.

    Среда, 11 ноември, е неработен ден за сите вработени во соседството поради одбележувањето на Денот на примирјето во Првата светска војна.

    Според училишниот календар за учебната 2026/2027 година, официјалниот есенски одмор трае од 11 до 13 ноември. Заедно со претстојниот викенд, учениците ќе добијат вкупно пет поврзани неработни денови.

    За разлика од зимскиот распуст, каде што термините се разликуваат меѓу АП Војводина и остатокот од земјата, есенскиот одмор се реализира истовремено на целата територија на Србија.

    Следниот одмор за учениците е планиран за крајот на годината, по завршувањето на првото полугодие.

    Во централна Србија, основците го завршуваат семестарот на 30 декември, а средношколците на 31 декември, по што на настава се враќаат на 18 јануари. Во Војводина, пак, полугодието завршува на 23 декември, а второто полугодие започнува на 11 јануари.

    Според календарот, следат и краткиот распуст за празников Сретење од 15 до 19 февруари, како и пролетниот распуст кој ќе трае од 30 април до 4 мај 2027 година.

    Прочитај повеќе

    Хорор на автопат во Бугарија: Најмалку 7 загинати во верижен судир на над 50 возила

    10.11.2026 во 09:47

    Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас

    09.11.2026 во 21:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.