Вечерва присуствував на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар, информираше премиерот на социјалните мрежи.
36 години исполнети со предизвици, борба, премрежја, истрајност и заедништво. Три и пол децении историја, генерации кои оставиле свој белег и луѓе кои веруваат во иднината на Центар и на Македонија.
Продолжуваме обединети, со нова енергија, посветеност и јасна визија за иднината. Пред нас се нови предизвици, нови успеси и уште многу работа за граѓаните на Центар. Со заедништво и посветеност ги градиме темелите за следните победи, напиша Мицкоски на ФБ.
See less

