Голем скандал ја потресе јавноста откако градоначалникот на една бразилска општина лично изврши упад во државна болница и ги фати дежурните лекари заклучени зад врата во текот на работното време, додека во чекалната се насобрале пациенти кои чекале медицинска помош.
Инцидентот се случил на 4 ноември во градската болница „Жаилтон Месијас де Албукерке“ во градот Бареирос. Градоначалникот Карлињос да Педреира неочекувано се појавил во здравствената установа и влегол во просторијата чија врата била заклучена одвнатре, каде затекнал маж и жена – двајцата лекари кои биле во дежурна смена.
Видеото од инцидентот брзо се рашири на социјалните мрежи и предизвика лавина од реакции. На снимката се слуша како револтираниот градоначалник бара проверка дали присутните се целосно облечени, отворено обвинувајќи ги дека за време на работните часови и покрај редиците пациенти, тие се занимавале со други работи.
„Некој да провери дали е облечена“, рече револтираниот градоначалник за време на упадот, барајќи одговорност од медицинскиот кадар кој ги игнорирал своите професионални обврски кон граѓаните.
По немилиот настани, градоначалникот Да Педреира веднаш ги отстрани и ги итера од болницата дежурните лекари. Од друга страна, регионалното лекарско здружение ја осуди јавната прозивка и начинот на кој градоначалникот постапил, наведувајќи дека евентуалните пропусти во работата треба да се решаваат преку институционални и законски процедури.

