Али Ахмети изрази сочувство по повод смртта на проф. д-р Зоран Спировски, истакнат хирург и универзитетски професор.
Ахмети посочува дека во повеќе наврати имал можност лично да се сретне со Спировски и да се увери во неговата посветеност на медицината, но и во придонесот што го дал во образованието и усовршувањето на бројни генерации лекари и специјалисти.
Според Ахмети, професорот ќе остане запаметен по своето знаење, професионалност и посветеност, како и по трагата што ја оставил кај пациентите, колегите и младите лекари на кои им го пренесувал своето искуство.
Тој упати искрено сочувство до семејството, колегите и блиските на Спировски, посакувајќи вечен спомен за починатиот професор.


