Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција

    08.11.2026 во 14:47

    Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради наводни закани со импичмент

    08.11.2026 во 14:28

    Пијан возач фатен со 1,74 промили: Полицијата му го одзеде „пасатот“

    08.11.2026 во 13:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
    • Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради наводни закани со импичмент
    • Пијан возач фатен со 1,74 промили: Полицијата му го одзеде „пасатот“
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице е тешко повредено, а тројца полесно по судир на „цитроен“ и „фолксваген“
    • Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард
    • Тгегедија кај Загреб: Се преврте автобус со српски таблички, загинаа две лица, а повеќе се повредени
    • Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството
    • (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција

    Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција

    08.11.2026 во 14:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба,  наскоро ќе биде ставен во функција, посочувајќи дека веќе се асфалтираат пристапните улици и се финализираат активностите за негово поврзување со сообраќајната мрежа.

    -Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција – зборот е збор! Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. Но само за неполна година го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција – напиша Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

    Тој истакна дека претходно бил решен процесот на експропријација потребен за изградба на пристапите до мостот, што, како што наведува, со години бил блокиран.

    -Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена. Претходно, го решивме процесот на експропријација неопходен за пристапите, заглавен од претходните раководства, ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини. Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот – посочи скопскиот градоначалник.

    Ѓорѓиевски додаде дека паралелно се работи и на експропријација на преостанатиот дел од булеварот до неговото целосно завршување.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај

    07.11.2026 во 10:47

    Во понеделник без вода делови од скопска општина

    06.11.2026 во 19:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.