Close Menu
Press24
    Најново

    Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството

    08.11.2026 во 12:29

    (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага

    08.11.2026 во 12:18

    Физички напад во угостителски објект во Охрид: 19-годишно момче нападнато на кејот

    08.11.2026 во 12:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството
    • (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага
    • Физички напад во угостителски објект во Охрид: 19-годишно момче нападнато на кејот
    • Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени го погоди централниот дел на Јапонија
    • До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија
    • Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција
    • АД ЕСМ демантира: Нема доцнење на платите, административните усогласувања се поради промена на податоци на над 140 вработени
    • СДСМ најави законско решение за професионалните војници: Бараат еднакви отпремнини, повисоки плати и трајно вработување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството

    Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството

    08.11.2026 во 12:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот министер за правда, Игор Филков, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година претставува јасна потврда дека политиките и реформите што ЗНАМ ги спроведувал во Министерството за правда во изминатите две години биле исправни и донеле видливи резултати.

    Според Филков, она што за претходниците биле само ветувања, за нив претставувало обврска која е преточена во конкретни законски решенија. Тој нагласи дека особено значајна е позитивната оценка во Извештајот за новиот Закон за Судскиот совет, донесен во декември 2025 година, со кој се адресирани препораките на Венецијанската комисија и Оценската мисија, подобрувајќи ја транспарентноста и јасноста при изборот на судии и водењето дисциплински постапки.

    Позитивни оценети се и новиот Закон за Советот на јавните обвинители од 2026 година, како и новиот Закон за парничната постапка, со кој по повеќе од 20-годишен застој се модернизираат и забрзуваат граѓанските судски постапки, исполнувајќи ги препораките од претходниот извештај на ЕК.

    „Во реализацијата на активностите планирани за Развојната секторска стратегија за реформа на правосудството 2024–2028 бележиме значителен пораст – од 42,9% за 2024 година, на 56,9% за 2025 година. Препознаен е и напредокот во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и потпишувањето на Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција во мај 2026 година“, истакна поранешниот министер Филков.

    Осврнувајќи се на критиките во Извештајот кои се однесуваат на борбата против корупцијата, финансиските и човечките ресурси, како и ефикасноста на правосудните институции, тој појасни дека антикорупцијата се следи како хоризонтален процес кој влијае на сите кластери и поглавја, а предизвиците бараат ангажман од сите надлежни институции.

    Филков потсети дека во текот на неговиот двегодишен мандат, тимот во Министерството за правда подготвил вкупно 33 закони – 5 веќе се донесени, 2 се во собраниска процедура, 10 во владина, а останатите се на ЕНЕР или се финализирани. Меѓу нив се и законите за спречување корупција и судир на интереси, за јавно обвинителство, за судски буџет, за судови, за кривична постапка, како и новиот Кривичен законик.

    На крајот, тој порача дека поставени се важни темели за независно и ефикасно судство, но за целосно завршување на реформите неопходно е задржување на континуитетот и активно вклучување на сите чинители, при што ЗНАМ останува доследен на владеењето на правото како внатрешен коректив на Владата.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага

    08.11.2026 во 12:18

    Македонија заслужува ЕУ сега: Светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

    08.11.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.